ФОТО | Бескрајната сила на империјализмот: Актерката Мила Јововиќ се огласи за нападот на Украина

мила јововиќ украина
Мила Јовивиќ, Кан, Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Актерката Мила Јововиќ проговори за нејзината болка кога го видела родно место Украина нападнато од руските сили.

Мила Јововиќ(46) е родена во Киев во 1975 година, кога Украина сè уште беше дел од Советскиот Сојуз. Нејзиното семејство прво се преселило во Лондон пред да се насели во Лос Анџелес, САД, каде Мила ја започна својата кариера.

Украинката која се откажа од Евровизија, снимала филм во Македонија: Интервју со режисерите Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов

Во четвртокот, рускиот претседател Владимир Путин започна воен конфликт со соседот, а сега е во тек жестока битка за главниот град Киев. Аларми за воздушен напад се огласија во голем број области во градот, при што на граѓаните им беше кажано да тргнат кон блиските засолништа додека оклопните возила се движат низ улиците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milla Jovovich (@millajovovich)

Во раните утрински часови во саботата, Мила се огласи на нејзиниот инстаграм-профил каде што го сподели своето „скршено срце“ и ги повика луѓето да ѝ помогнат на Украина на кој било начин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milla Jovovich (@millajovovich)

Таа напиша: „Со скршено срце и запрепастеност се обидувам да ги обработам настаните од оваа недела во моето родно место Украина. Мојата земја и народот се бомбардирани. Пријателите и семејството се кријат. Мојата крв и моите корени потекнуваат и од Русија и од Украина. Расцепена сум на два дела додека го гледам ужасот како се одвива, земјата се уништува, семејствата се раселени, целиот нивен живот лежи во јагленисани фрагменти околу нив. Се сеќавам на војната во татковината на мојот татко, поранешна Југославија и на приказните што моето семејство ги раскажува за траумите и теророт што ги доживеале. Војна. Секогаш војна. Лидери кои не можат да донесат мир. Бескрајната сила на империјализмот. И секогаш, народот плаќа со крвопролевање и солзи.

Актерката ги повика своите 3,9 милиони следбеници да ѝ помогнат на Украина со донирање на голем број добротворни организации и фондации, од помагање на армијата до поддршка на децата, болниците и волонтерите во загрозената земја.

ВИДЕО | „Симпсонови“ ја предвиделе руската инвазија на Украина уште во 1998 година?

ФОТО | Чудото на Киев: Првата надеж од Украина, во засолниште се роди бебенце

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот