ВИДЕО | „Симпсонови“ ја предвиделе руската инвазија на Украина уште во 1998 година?

Симпсонови
Симпсонови / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Култните „Симпсонови“ многупати досега „предвиделе“ многу важни настани во светот во нивниот наратив, а корисниците на социјалните мрежи сега се убедени дека популарната серија ја предвиде и руската инвазија на Украина.

Набргу по трагичниот настан кој вчера го потресе целиот свет, корисниците на „Твитер“ го споредија конфликтот со епизодата од „Симпсонови“ од 1998 година наречена „Simpson Tide“.

Во таа епизода, Хомер случајно пука во капетан на подморница во руските води за време на воена вежба, што го натера новообновениот Советски Сојуз да распореди војници и тенкови на улиците и веднаш да го оживеат Берлинскиот ѕид.

Загрижувачките паралели ги потврди и продуцентот на серијата Ал Жан на „Твитер“.

„Многу сум тажен што можам да кажам дека ова не беше тешко да се предвиди“, напиша тој. „Мразам да зборувам за тоа, но јас сум роден во 1961 година, 30 години од мојот живот живеев со духовите на Советскиот Сојуз. За мене ова за жал е повеќе норма отколку предвидување. Само мислевме дека работите ќе тргнат наопаку“, објасни Жан во интервју за „Холивуд Репортер“.

„Историската агресија навистина никогаш не исчезнува и мора да се биде супер внимателен. Во 1998 година, кога се емитуваше оваа епизода, тоа беше можеби зенитот на американско-руските односи“, истакна продуцентот.

Повеќе текстови на темата:

 

Анџелина Џоли се огласи за војната во Украина: Се молам за народот, мораме да им помогнеме на бегалците

 

ВИДЕО | Македонка се враќа од Украина со ќеркичката: Имаме уште 10 часа пат до граница, не знаеме дали ќе успееме да поминеме

 

ВИДЕО | Трогателна глетка во Украина: Татко со солзи на очите се разделува од својата ќеркичка

 

„Љубовта може да победи сѐ“: Приказната зад фотографијата која го трогна светот

 

Руслана со трогателен апел: Светот ќе ни помогне и ќе ја запреме војната!

 

ФОТО | Украинската пејачка Џамала се огласи: Не сакаме војна, сакаме мир!

ВИДЕО | „Се молиме за вас“: Украинците ја претставија својата песна за Евровизија

 

ФОТО | Шон Пен е во Украина: Оскаровецот снима документарен филм за инвазијата на Русија

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот