ФОТО | Украинската пејачка Џамала се огласи: Не сакаме војна, сакаме мир!

Џамала
EPA/MAJA SUSLIN SWEDEN OUT

Откако почна руската инвазија врз Украина, многу од тамошните славни личности се обратија со порака кон светот и побараа помош и поддршка. Една од нив е и познатата пејачка Џамала, која во 2016 година ја однесе победата на тогашната Евровизија, исполнувајќи ја моќната балада „1944“.

Таа сподели емотивна порака на својот инстаграм-профил, каде е со своите две деца. Во видеото не крие колку е вознемирена, а својата европска популарност ја искористи да повика на мир.

Во објавата стои запишано:

„Украина не сака војна, сакаме мир. Останете силни и немојте да паничите. Ние сме дома. Ве молам, поддржете ја Украина, немојте да молчите“ – трогателно напиша пејачката, која во моментов со семејството е во Киев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamala (@jamalajaaa)

Џамала пред шест години победи на Евровизија со песната „1944“, во која се зборува за етничкото чистење кое го доживеале Кримските Татари, каде преку 200 илјади граѓани биле погубени под наредба на Сталин. Народот од турско потекло бил раселен од Крим и протеран во Сибир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот