Анџелина Џоли се огласи за војната во Украина: Се молам за народот, мораме да им помогнеме на бегалците

анџелина џоли
Анџелина Џоли / Фото: EPA-EFE

Анџелина Џоли се огласи за за ситуацијата во Украина. Холивудската актерка е позната по нејзината хуманитарна работа и желбата да им помага на луѓето кои живеат во загрозени делови на планетата.

Џоли со години е голем борец за човекови права, поради што не можеше да остане имуна на актуелната воена ситуација. По тој повод таа се огласи на својот инстаграм-профил каде го даде своето мислење и суд за руската инвазија на Украина.

„Како и многумина од вас, се молам за народот на Украина. Мојот фокус, како и фокусот на моите колеги од УНХЦР, е да се направи сè што е во наша моќ за да се обезбеди заштита и основните човекови права на раселените лица и бегалците во регионот“, напиша актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelina Jolie (@angelinajolie)

„Веќе видовме извештаи за жртви и луѓе кои бегаат од своите домови барајќи безбедност. Прерано е да се знае што ќе се случи, но значењето на овој момент не може да се пренагласи“, рече Анџелина.

Да потсетиме, Анџелина за првпат беше сведок на хуманитарната криза додека го снимаше филмот „Tomb Raider“ во 2001 година во воена Камбоџа. Во текот на изминатите неколку години, таа ги посети бегалските кампови ширум светот и донира милиони долари во добротворни цели.

Повеќе текстови на темата:

 

ВИДЕО | Македонка се враќа од Украина со ќеркичката: Имаме уште 10 часа пат до граница, не знаеме дали ќе успееме да поминеме

ВИДЕО | Трогателна глетка во Украина: Татко со солзи на очите се разделува од својата ќеркичка

„Љубовта може да победи сѐ“: Приказната зад фотографијата која го трогна светот

 

Руслана со трогателен апел: Светот ќе ни помогне и ќе ја запреме војната!

 

ФОТО | Украинската пејачка Џамала се огласи: Не сакаме војна, сакаме мир!

 

ВИДЕО | „Се молиме за вас“: Украинците ја претставија својата песна за Евровизија

ФОТО | Шон Пен е во Украина: Оскаровецот снима документарен филм за инвазијата на Русија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот