„Љубовта може да победи сѐ“: Приказната зад фотографијата која го трогна светот

Пар од Русија и Украина
Фото: Инстаграм, Јулијана Кузнецова

Откако денес руските трупи започнаа инвазија врз Украина, социјалните мрежи се преплавени со молитви за мир и спокојство на украинскиот народ.

Една од оние содржини кои масовно се споделуваат е и оваа фотографија од 2019 година, на која млад пар позира на концерт. Момчето на себе има украинско знаме, а девојката – руско и двајцата се држат за раце.

Според многумина, оваа фотографија стана симбол на надеж дека љубовта може да победи сѐ.

Во 2019 година, Русинката Јулијана Кузнецова и нејзиниот вереник присуствувале на концерт на белорускиот музичар Макс Корж во главниот град на Полска, Варшава. Додека траел концертот, Јулијана забележала руско и украинско знаме во публиката, па добила идеја за фотографија со нејзиниот тогашен вереник кој, патем, е Украинец. Се нагрнале со знамињата, се фатиле за раце и така настанала фотографијата која денес има големо значење.

„Немавме политички намери со оваа фотографија. Но, откако фотографијата почна да се споделува на интернет, сфатив дека можеби таквата фотографија ќе им даде надеж на луѓето дека сѐ ќе биде во ред, дека љубовта може да победи сè“, изјави Јулијана за „Washington Post“ во 2019 година.

Руслана со трогателен апел: Светот ќе ни помогне и ќе ја запреме војната!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот