ВИДЕО | Трогателна глетка во Украина: Татко со солзи на очите се разделува од својата ќеркичка

Фото: Скриншот, Твитер

Вчерашниот ден ќе се памети како еден од потажните во човековата историја. Политиката на страна, хуманите луѓе ширум светот сочувствуваат со украинскиот народ откако вчера руските трупи започнаа инвазија врз Украина.

Фотографиите и видеата од Украина, кои масовно се споделуваат на веб-страниците, сведочат навистина потресни глетки. Такво е и ова видео на кое млад Украинец се разделува од ќерката и сопругата, кои со автобус биле пренесени на место каде што ќе бидат на сигурно. Со солзи на очите, човекот ја гушка ќеркичката која, исто така, плаче бидејќи се разделува од татко ѝ.

Првично, потресната снимка била објавена на социјалната мрежа Твитер, а потоа ја пренесоа и бројни светски медиуми, меѓу кои и „Daily Mail“.

Повеќе текстови на темата:

„Љубовта може да победи сѐ“: Приказната зад фотографијата која го трогна светот

ВИДЕО | Македонка се враќа од Украина со ќеркичката: Имаме уште 10 часа пат до граница, не знаеме дали ќе успееме да поминеме

Руслана со трогателен апел: Светот ќе ни помогне и ќе ја запреме војната!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот