ФОТО | Поранешната Мис Украина со пушка в раце повикува на одбрана на земјата

Фото: Инстаграм

Поранешната Мис Гранд Украина очигледно ги заменила своите високи потпетици за борбени чизми, придружувајќи ѝ се на украинската војска во нејзината одбрана од руската инвазија, пишува „Њујорк пост“.

Анастасија Лена, поранешна Mис на Украина, на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која позира со пушка во рака.

Анастасија Лена, претставничката на Украина на изборот за убавина Мис Гранд Интернешнел во 2015 година, одговори на повикот да го брани својот дом, според нејзините објави на Инстаграм. Анастасија објави и фотографии на кои носи ерсофт пушка, а фотографиите предизвикаа бурни реакции. Анастасија изгледа ја замени воздушната пушка со вистинската.

Невообичаено за мисиците, убавата Анастасија е вешта со оружјето, бидејќи неколкупати се натпреварувала на натпревари во ерсофт.

Сега убавицата на Инстаграм позирала со пушка и повикува на одбрана на Украина.

„Секој што ќе ја помине украинската граница со намера да изврши инвазија ќе биде убиен!“ напишала на англиски во саботата и објавила фотографија од вооружени војници кои го блокираат патот. Во друга објава таа се пошегувала дека „украинската армија се бори на таков начин што НАТО треба да поднесе барање за влез во Украина“.

Таа, исто така, сподели фотографија со нејзините 75.000 придружници на која се прикажани војници како шетаат со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кого го нарече „вистински и силен лидер“.

Инаку, познатата манекенка, која дипломирала маркетинг и менаџмент на Универзитетот за славистика во Киев, споделува стории на Инстаграм од почетокот на руската воена интервенција, повикувајќи на поддршка и барајќи донации за украинските вооружени сили.

Таа со своите следбеници сподели и фотографии од минатото, на кои се гледа дека е сериозен љубител на оружјето.

Лена не е единствената манекенка која се осврна на конфликтот кој трае веќе една недела.

Руската манекенка и поранешна манекенка на „Викторијас сикрет“, Наталија Водијанова, на својот инстаграм-профил ја коментираше ситуацијата и истакна дека „жените ќе го носат најголемиот товар“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova)


„Како мајка, моето срце е за сите мајки кои ги трпат последиците од неодамнешните настани во Украина и за сите оние кои се погодени од овој конфликт. Жените ќе го сносат најголемиот товар од овој конфликт и сакам да знаат дека не се сами. Не можам сама да помогнам, но како заедница можеме многу“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Natalia Vodianova (@natasupernova)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот