ФОТО: Не се сите сини и кафени очи исти – ова е скалата со сите „кодови“: Еве што кажуваат тие за нас!

Кај многу луѓе бојата на очите може да се одреди, но постојат и такви чии очи се на граница меѓу сивата и сината или сината и зелената, па делуваат поинакво во различно осветлување.

На тие луѓе веројатно им се добро познати расправите за тоа дали се синооки или пак имаат зеленкаста нијанса.

Повеќе не мора да ја набљудуваме бојата на очите на тој начин, бидејќи со помош на оваа скала можеме да го одредиме точниот код на нашата идеална нијанса.

Се надеваме дека на оваа слика сите ќе го пронајдете бројот кој идеално се вклопува со бојата на вашите очи.

Отсега секој ќе може да ја дефинира својата боја според овој систем на кодови.

ФОТО: Фејсбук

Доклку успешно ја пронајдовте вашата идеална нијанса во продолжение од текстот прочитајте неколку занимливости за боите на очите.

Сите синооки луѓе се во сродство

Сините очи се најчести кај луѓето со европско потекло. Студијата направена во 2008 година докажа дека сите синооки луѓе имаат заеднички предци.

Ова данско истражување открило дека некогаш во историјата постоел првиот човек кој имал генетска мутација поради која дошло до сина боја на очите. Тој ген се проширил на потомците и се раширил низ многу генерации.

Првиот носител на генот со сини очи живеел пред 6.000 и 10.000 години. Денес тој има приближно 300 милиони потомци кои во својата ДНК имаат генетски код на сини очи.

Резултатите на една мала студија покажуваат дека жените со светли очи (сини или зелени) поднесуваат поголема болка од оние со потемни очи.

Ова може изгледа необично за експеримент, но сепак е врз основа на генетиката. Неколку гени поврзани со маланинот исто така влијаат на нашата реакција на болката.

Ова истражување излегло во 2014 година, а во него учествувале 58 жени. Научниците треба да спроведат понатамошни истражувања со цел да ја дознаат целосно поврзаноста меѓу бојата на очите и толеранцијата на болка.

Очите се навистина огледало на нашата душа

Истражувањето на боите на очите открило некои интересни увиди во тоа како се однесуваме и како другите не доживуваат.

Децата со сини очи не сакаат промени и нови ситуации.

Возрасните синооки не се отворени кон професионални совети.

Мажите со смеѓи очи се обично подоверливи од оние со светли очи.

Луѓето со смеѓи очи обично имаат подобра координација и брзи реакции.

Многу фактори влијаат на нашата личност, па не можеме точно да тврдиме дека нагонот на некоја личност да се натпреварува или да се повлече или да сочува некоја тајна или да ја издаде потекнува од бојата на очите. Сепак, со оглед на тоа дека нашата боја на очите потекнува од генетскиот код, таа може да укажува на нашата еволуциска позадина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот