ФОТО: Најлудиот фан на Ѓоковиќ, ја истетовира најголемата траума на Федерер

Големиот навивач на Новак Ѓоковиќ ги истетовира бројките од кои Федерер има траума/фото: твитер/franquitodenole

Аргентинецот Франко кој за себе вели дека е голем фан на Новак Ѓоковиќ, на своите нозе истетовира интересна тетоважа која ќе ги разбесни фановите на Рожер Федерер, а на Швајцарецот ќе му предизвика траума.

Најважните броеви во мојот живот, 40:15 до вечноста“, напиша Франко притоа покажувајќи ја тетоважата на нозете.
Овие бројки, 40:15 се водството на Рожер Федерер на свој сервис во петтиот сет кога водеше и со 8:7 во гемови вп финалето на Вимблдон 2019 година и тоа беа две меч топки за Швајцарецот кој не успеа да ги искористи за потоа да загуби во одлучувачкиот тај-брејк.


Но, тоа е не прв пат Федерер да има водство од 40:15 против Ѓоковиќ и да сервира за меч. Истото се случи и во полуфиналето на УС Опен во 2011 година. Тогаш Федерер поведе со 2:0 во сетови (6:7,4:6) за потоа да возврати Ѓоковиќ (6:3,6:2).

Во одлучувачкиот петти сет, Федерер имаше водство од 5:3 во гемови и предност од 40:15 на свој сервис. Во тие моменти сите мислеа дека Швајцарецот ќе успее да реализира една од двете сет топки и ќе се пласира во финалето, но така не мислеше Ѓоковиќ кој одигра неверојатен ретерн кој се покажа како одлучувачки момент во мечот.

Потоа Ѓоковиќ успеа да освои четири гема по ред и да слави со 7:5, а во финалето го совлада Рафаел Надал и за прв пат триумфира на УС Опен.

Но, Марко не застана тука, тој на своето тело го истетовира и логото на Новак Ѓоковиќ.


 

Видео на денот