Кејт Мидптон и ВИлијам - Фото: Инстаграм

ФОТО | На првото појавување по Божиќ, Кејт Мидлтон беше вистинско олицетворение на елеганцијата

Принцезата од Велс,  Кејт Мидлтон, се придружи на принцот Вилијам за време на посетата на здравствените работници во болницата „Charing Cross“ во Лондон. За време на ова изненадно појавување, принцезата  избра една од нејзините најелегантни зимски комбинации, монохроматски комплет во бордо нијанса.

Комбинацијата од префинет крој, трендовска боја и ненаметливи додатоци се покажа како вистински погодок. За ова појавување, принцезата носеше комбинација создавајќи издолжен ефект на силуетата. Монохроматскиот стајлинг го нагласи со салонки во потемна нијанса и мала, структурирана чанта од трендовска матирана кожа.

За време на посетата тие разговараа со здравствените работници за предизвиците со кои се соочуваат во сезоната на зимски вируси. Исто така, се запознаа и со волонтерите што ги води таа фондација, кои помагаат во подобрувањето на грижата за пациенти и ослободување на персоналот во здравствениот систем.

Прв јавен настап по Божиќ

Ова беше првото јавно појавување на принцот и принцезата од Велс по Божиќ, откако со децата, принцот Џорџ (12), принцезата Шарлот (10) и принцот Луис (7) присуствуваа на Божиќна миса во Сандрингам.

Се верува дека поголемиот дел од божиќните и новогодишните празници го поминале во својот дом „Anmer Hall“ на имотот Сандрингам во округот Норфолк.

Прв Божиќ во новиот дом: Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон имаат посебни планови и ништо не оставаат на случајноста

ФОТО | Најинтимните моменти во 2025 година: Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон објавија фотографии од приватниот албум

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот