ФОТО: ММА борци се искршија од ќотек, а потоа се гушкаа во возило на брза помош

Родригез и Холовеј пет рунди водеа беспоштедна борба /принтскрин/твитер

На манифестацијата УФЦ Фајт најт 197 главна борба на вечерта беше таа помеѓу Макс Холовеј и Јаир Родригез кои прво крвави го напуштија октагонот, а потоа се гушкаа.

Победата му припадна на Макс Холовеј и тоа со судиска одлука (два пати 49:46 и еднаш 48:47) иако пред борбата важеше за голем фаворит. За Јаир Родригез ова беше прва борба по пауза од две години, но и покрај долгото отсуство со својата изведба ги воодушеви фановите.

За тоа каков интензитет имаше борбата најдобро покажуваат фотографиите по неа, и едниот и другиот ММА борец имаа пројни расекотини и модрици на лицето, но тоа не ги спречи да се гушнат во возилото на брзата помош додека одеа во болница на детални лекарски прегледи.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот