ФОТО | Милан Станковиќ ја помина ноќта во црква и го дочека Божиќ: Пејачот објави порака за сите верници

Фото: Принтскрин / Фејсбук

Српскиот пејач Милан Станковиќ, кој последниве години целосно се сврте кон религијата, па дури се шпекулираше дека планира да се замонаши и засекогаш да ја напушти естрадата, сега се огласи за најубавиот и најрадосниот христијански празник.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Станковиќ, како и повеќето верници, синоќа го прослави Божиќ во црквата, од каде и се огласи.

Тој ги фотографирал фреските во црквата каде на божиќната полноќна литургија го дочекал најрадосниот празник и на своите следбеници им посака:

„Мир Божји. Христос се роди“, напиша Милан.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Да потсетиме, се шпекулираше дека Станковиќ целосно се посветил на верата и на Бога и минатото лето требало да се замонаши во еден манастир во Будва, но тоа не се случило.

– Милан навистина престојуваше кај нас, но немаше претензии да биде искушеник. Тоа е цел процес. Тој сакаше да биде во манастирот во просторот на светото место, како во духовна бања. Се бараше себеси и своето вистинско јас, но немаше монашка амбиција. Овој манастир е негово духовно место. Тој е во процес на пронаоѓање на себе и наоѓање на Бога, а најдобро место за тоа е манастирот – рекол соговорникот во јули годинава, свештеник на манастирот во Будва.

„Татко ми убил човек поради долгови“: Шокантни детали од животот на Милан Станковиќ

ФОТО | Милан Станковиќ сцената ја замени со манастир: Српскиот пејач стана искушеник меѓу монасите

ФОТО | Милан Станковиќ излезе од манастир, па отиде на техно журка: Се криел зад темни очила

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот