„Татко ми убил човек поради долгови“: Шокантни детали од животот на Милан Станковиќ

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Јавноста беше изненадена кога познатиот спрпски пејач Милан Станковиќ донесе одлука да се повлече од јавниот живот и да ја замени сцената со манастир. Новиот начин на живот на Станковиќ постојано ја интригира јавноста, а се шпекулираше дека станал искушеник во манастирот Подмајне кај Будва.

И додека медиумите постојано известуваат за промената на имиџот на Милан, трансформацијата и новите животни принципи, Станковиќ не се грижи за коментарите во јавноста и води мирен живот. Милан е заинтересиран за сериозни теми, а неодамна е виден на предавање во манастирот во Невешиња, каде што присуствувале и бројни верници и свештени лица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MILAN STANKOVIC (@milanstankovic)


Познатиот пејач на почетокот на својата кариера го привлече вниманието со своите необични стајлинзи, потоа со врската со пејачката Рада Манојловиќ, а последните години со одлуката да го промени животот и да му се посвети на манастирот каде што наоѓа мир.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MILAN STANKOVIC (@milanstankovic)


Животот на популарниот пејач не бил лесен уште од неговото детство, а малку е познат фактот дека таткото на Милан пред повеќе од 30 години убил колега од работа, поради што бил осуден на неколку години затвор, пренесува Нова.рс“.

Откако поминал пет години во затвор, таткото на пејачот починал под неразјаснети околности. На семејството му кажале дека загинал паѓајќи од скеле, но семејството на Милан не верува во овој несреќен случај.

„Имав само пет месеци кога татко ми отиде во затвор. Затоа не се сеќавам на него, но низ глава ми поминуваат слики од посетите. Никогаш не сум имал чувство дека имам татко, туку некој што го гледам повремено. Татко ми убил извесен човек со кој работел во пекара поради некој долг. По пет и пол години ни кажаа дека паднал од скеле и починал, но јас не верувам. Мислам дека се работи за крвна одмазда“, изјави тогаш Станковиќ за „Курир“ и додаде:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MILAN STANKOVIC (@milanstankovic)

„Не знам каков ќе бев да пораснев со татко ми, но секогаш се чувствував инфериорно. Да кажам во одруштвото дека немам татко, би предизвикал сожалување. Како да сум јас виновен што е така. Најмногу ме погодија писмата што ги праќаше од затвор. Ги најдов еднаш случајно и бев целосно изгубен. Знаев дека не можам да го вратам. Чувствував колку е различно секое негово писмо, некои од нив покажуваа очај, понекогаш оптимизам. И покрај се, мајка ми ме поддржуваше и се бореше за мене и за сестра ми. Работела во продавница, пеглала, чистела куќи. Таа често позајмуваше пари“ – изјавил Милан.

ФОТО | Милан Станковиќ сцената ја замени со манастир: Српскиот пејач стана искушеник меѓу монасите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот