ФОТО | Милан Станковиќ сцената ја замени со манастир: Српскиот пејач стана искушеник меѓу монасите

Јавноста беше изненадена кога познатиот спрпски пејач Милан Станковиќ донесе одлука да се повлече од јавниот живот и да ја замени сцената со манастир. Новиот начин на живот на Станковиќ постојано ја интригира јавноста, а се шпекулираше дека станал искушеник во манастирот Подмајне кај Будва.
View this post on Instagram
И додека медиумите постојано известуваат за промената на имиџот на Милан, трансформацијата и новите животни принципи, Станковиќ не се грижи за коментарите во јавноста и води мирен живот. Милан е заинтересиран за сериозни теми, а сега е виден на предавање во манастирот во Невешиња, каде што присуствувале и бројни верници и свештеници.
На средината на декември 2021 година, Милан беше во манастирот во близина на Приеполе (Златибор), културно историски објект од 13 век. Манастирот Милешева е познат и по иконата Белиот ангел.
View this post on Instagram
Сега повторно, српските медиуми објавија нови фотографии од некогашниот пејач. Облечен во црно, и со сосема променет изглед присуствувал на предавање на кое дошол во придружба на отец Рафаил Бољевиќ.
Српскиот пејач направил хаос во трговски центар, одбил да стави маска