ФОТО | Милан Станковиќ излезе од манастир, па отиде на техно журка: Се криел зад темни очила

Фото: Принтскрин / Фејсбук

Српскиот пејач Милан Станковиќ се повлече од јавната сцена во екот на својата популарност, но постојано е во фокусот на медиумскиот интерес откако се дозна дека сè повеќе време поминува во манастир, пишува српски „Блиц“.

Пејачот извесно време помина во Грција, каде ги посетуваше светите места и целосно се посвети на духовниот живот, но сега папараците на српскиот медиум „Блиц“ успеаја да го уловат на техно журка во Белград.

Станковиќ дошол на забавата во придружба на двајца пријатели и две девојки и се пробил низ толпата.

Постојано се криел од љубопитните очи зад темните очила, долгата коса ја врзал во пунџа, а имал и дебел ланец околу вратот.  Според фотографиите, пејачот цело време уживал со неговото друштво.

Инаку, пред речиси две недели беше објавено дека Станковиќ го посетил манастирот Хиландар, каде здравствената состојба му беше нарушена. Тој, тогаш сподели видео од болнички кревет на кое се гледа дека е приклучен на инфузија.

Фотографијата од Милан Станковиќ може да ја погледнете ТУКА.

„Татко ми убил човек поради долгови“: Шокантни детали од животот на Милан Станковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот