ФОТО | Мелинда и Бил Гејтс објавија фотографии од првото внуче

Мелинда и Бил Гејтс во нивното прво внуче / Фото: Инстаграм/Мелинда Гејтс/Бил Гејтс

Светот може да го поздрави внучето на дигиталната револуција. Основачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс и неговата поранешна сопруга Мелинда Френч Гејтс, споделија одделни фотографии од нивното ново внуче.

Нивната внука се роди пред еден месец, а гордите баба и дедо споделија фотографии кои изгледаат како да се направени во различно време, и веројатно на различна локација.

Бил Гејтс може да се види како го држи девојчето на симпатичната фотографија, објавена на социјалните медиуми, со наслов: „Едвај чекам да те гледам како го откриваш светот“.

Фото: Инстаграм/Бил Гејтс

Во меѓувреме, Мелинда Френч Гејтс сподели фотографија со свој агол на доживување на бебето, пишувајќи под сликата: „Нема ништо како тоа да го држиш во раце своето прво внуче. Изгледа како вчера да ја држев Џен на оваа возраст. Сега таа има свое бебе и јас пукам од гордост гледајќи ја неа и Најел како влегуваат во нивната нова улога како родители“.

Фото: Инстаграм/Мелинда Гејтс

Името на внуката на Бил и Мелинда сѐ уште не е јавно откриено.

Мелинда и Бил беа заедно речиси три децении пред да се разведат во мај 2021 година . Двојката, која се венча во 1994 година, дели три деца заедно, а сега и нивното прво внуче.

epa-efe
Бил и Мелинда Гејтс во 2017 година / Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Нивната најстара ќерка Џенифер (26) минатиот месец го објави раѓањето на своето дете со нејзиниот сопруг, египетскиот професионален коњаник Најел Насар (32) во објава на социјалните мрежи, покажувајќи ги само стапалата на нејзиното бебе.

Повеќе вести за Мелинда и Бил Гејтс:

Бил Гејтс стана дедо

Се шпекулираше дека неговото неверство е причина за разделбата: Мелинда сега откри зошто се развела од Бил Гејтс

Поранешната сопруга на Бил Гејтс во љубов со новинар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот