Се шпекулираше дека неговото неверство е причина за разделбата: Мелинда сега откри зошто се развела од Бил Гејтс

Фото: Инстаграм

Кога основачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, соопшти дека се разведува од сопругата Мелинда по 27 години брак, сите беа изненадени.

Сите ги интересираше која била причината што довела до најскапиот развод во историјата, а некогашниот пар не ги откриваше деталите.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

„По многу размислување и голема работа на нашата врска, донесовме одлука да го завршиме бракот. Во овие 27 години израснавме три прекрасни деца и основавме фондација која ширум светот им помага на луѓето да живеат подобро. И понатаму веруваме во таа мисија и ќе продолжиме да работиме заедно, но не веруваме дека можеме да се развиваме како пар во наредните фази од нашите животи. Молиме за малку простор, приватност и разбирање за нашето семејство во моментите додека се обидуваме да запловиме низ овој нов живот“, гласеше официјалното соопштение на Бил Гејтс, а се шпекулираше дека причината за крајот на бракот било негово неверство.

Мелинда Гејтс во новото интервју за магазинот „Богатство“ (Fortune) зборувала за својата одлука да излезе од брачната заедница.

бил и мелинда гејтс
Фото: Профимедиа

„Имав одредени причини поради кои едноставно повеќе не можев да останам во тој брак. Но, чудна работа во врска со ковидот е тоа што ми обезбеди приватност да го правам она што треба. Тоа е неверојатно болно, на безброј начини, но можев далеку од очите на јавноста да поминам низ тоа“, рекла Мелинда на која работата ѝ помогнала да го преброди тешкиот животен период.

„Продолжив да работам со лица со кои се „разминав“ и морав да се појавам и да бидам најдобра секој ден. Значи, иако можеби плачев во девет часот наутро, морав да бидам на видео-конференција во десет часот со лицето од кое се разведувам, морав да се појавам и да бидам најдобра“, раскажала и истакнала дека главната задача била да ги заштити нивните три деца – Џенифер, Рори и Фиби. Го спомнала и неверството на Бил, односно дека тоа не влијаело на одлуката за развод.

„Не се случи некоја конкретна работа. Дојде едноставно до момент кога сфатив дека тоа не е здраво и не можев да верувам во тоа што го имаме“, изјавила таа.

Бил и Мелинда Гејтс: Кој ќе ја добие велелепната куќа вредна 43 милиони долари по разводот?

Гејтс еднаш годишно поминувал викенд со поранешната девојка, Мелинда го одобрувала тоа!

Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот