Бил и Мелинда Гејтс: Кој ќе ја добие велелепната куќа вредна 43 милиони долари по разводот?

Profimedia

Основачот на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, пред точно една година потрошија 43 милиони долари на имот покрај океанот во Дел Мар, Калифорнија.

Познатата двојка деновиве е топ-тема во светот поради својот развод, по 27 години поминати во брак.

Profimedia
Profimedia

Наводно, оваа резиденција е една од најголемите продажби досега забележани во ексклузивната енклава. Раскошната мултиструктурална резиденција, освен со семејна резиденција, располага и со две куќи за гости, со зелена стаклена градина како и со удобности како здравствен спа центар, домашно кино, базен со стаклени плочки, џакузи за 10 лица и тениско игралиште.

Profimedia
Profimedia

Изградена во 1999 година од познатиот архитект-дизајнер Кен Рончети, главната куќа има шест спални соби и четири бањи распоредени на 5.800 квадратни метри.

Profimedia

Може да се пофали со импресивни 120 метри директна веранда во океанот и пространа палуба со повеќе катчиња за одморање и јадење.

Profimedia
Profimedia

Велелепниот имот претходно беше во сопственост на Маделин Пикенс – која е поранешна сопруга на нафтениот магнат Т. Бун Пикенс од Тексас. Таа ја стави куќата на продажба на почетокот на 2019 година. Не треба да изненадува фактот дека домот е високо-технолошки, со подно греење и автоматизирана безбедност, осветлување и системи за контрола на климата, како и со систем за влез без клуч.

Profimedia

Бил и Мелинда имаат бројни ултраскапи недвижности, а по разводот кој е во тек, сите се прашуваат на кого ќе му припадне оваа велелепна резиденција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот