Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат

Profimedia
Фото: Профимедиа

„Повеќе не веруваме дека можеме да се развиваме како пар во следната фаза од животот”, напиша на Твитер Бил Гејтс коосновач на „Мајкрософт”.

Милјардерот и филантроп Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда синоќа објавија дека се разведуваат по 27 години брак.

– Повеќе не веруваме дека можеме да се развиваме како пар во следната фаза од животот, напиша на Твитер Бил Гејтс коосновач на „Мајкрософт”.

Тој додаде дека двајцата решиле да го прекинат бракот по многу размислување и работа на нивната врска.

– За 27 години, воспитавме три деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на луѓето да живеат здрав, продуктивен живот. Ние продолжуваме да споделуваме верба во таа мисија и ќе продолжиме да работиме заедно во фондацијата”, се вели во објавата со молба за „простор и приватност”.

Во 2000 година, двојката ја основа непрофитната фондација Бил и Мелинда Гејтс, во која се копретседатели и доверители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот