ФОТО | Поранешната сопруга на Бил Гејтс во љубов со новинар

Бил Гејтс и Мелинда/Џон Ду Пре/Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA/Инстаграм-

Филантропот и поранешна сопруга на милијардерот Бил Гејтс, Мелинда Гејтс (58) била забележана со Џон Ду Пре (63) на кошаркарски натпревар на Бруклин Нетс во април оваа година. Како што изјавиле извори за ТМЗ, нивната врска трае со месеци.

Претходно оваа година, Мелинда во емисијата „Си-би-ес морнингс“ на Гејл Кинг рече дека дефинитивно е „подготвена повторно да најде љубов, помалку од една година по нејзиниот развод со Бил Гејтс“.

Не е познато како Мелинда и Ду Пре се запознале, но ТМЗ пишува дека тие биле видени заедно со други членови на семејството во „Пеликан Хил“, хотел со пет ѕвезди во Њупорт Бич, Калифорнија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jon Du Pre (@jon_du_pre)


Ду Пре бил дописник на „Фокс њуз“ кон крајот на 1990-тите и раните 2000-ти. Тој сега работи како специјалист за стратешки комуникации, пишува на неговиот профил на ЛинкедИн. Тој има повеќе од три децении искуство во емитување вести, уредување, пишување и е автор на „Блудниот татко“.

На прв поглед, а судејќи и според овие податоци од неговата биографија, новата љубов на Мелинда Гејтс е многу, многу поразлична од Бил Гејтс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jon Du Pre (@jon_du_pre)


Сличноста помеѓу нив е што и двајцата се застапени во медиумите, Бил мора да се признае многу повеќе од Џон. Има и информации дека Џон од бракот со поранешната сопруга Џина ги има синовите Кејси и Џои, кои дипломирале на Универзитетот БЈУ и ќерката Џеси, која има диплома на Универзитетот во Јута. Мелинда и Бил Гејтс, кои беа во брак од 1994 година до минатата година, имаат и три деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jon Du Pre (@jon_du_pre)

Гејтс еднаш годишно поминувал викенд со поранешната девојка, Мелинда го одобрувала тоа!

Бил и Мелинда Гејтс: Кој ќе ја добие велелепната куќа вредна 43 милиони долари по разводот?

Милијардерот не бил „цвеќе за мирисање“: Мистериозната убавица е главен виновник за разводот на Бил и Мелинда Гејтс

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот