24.8 C
Скопје

Милијардерот не бил „цвеќе за мирисање“: Мистериозната убавица е главен виновник за разводот на Бил и Мелинда Гејтс

Некои за разводот ја обвинуваат младата претприемачка Же Шели Ванг (36), која соработувала со парот Гејтс…

Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда објавија на 3 мај дека се разведуваат. Но, според извори запознаени со ситуацијата, разделувањето не било баш пријателско како што парот го претстави во јавноста.

Бил и Мелинда биле подготвени во март да откријат дека се разведуваат, но ги спречиле нивните адвокати, кои и понатаму се обидувале да склучат спогодба пред официјалната објава за развод.

Мелинда побегнала на рајски остров

Мелинда очекувала дека изјавата за разводот ќе предизвика хаос во медиумите па затоа „побегнала“. Анонимен извор изјавил за американскиот таблоид ТМЗ во четвртокот дека Мелинда престојува на карипскиот остров Калвињи, каде што едно деноноќие чини 132.000 долари. Најавата за развод била одложена до мај, но Мелинда сепак одлучила да оди на островот и со себе да ги понесе своите три деца, Џенифер, Рори и Фиби. Бил Гејтс не бил поканет на луксузното „бегство“, бидејќи, според изворите, децата му биле многу лути.


Овие натписи сугерираат дека разводот на моќниот пар бил суров, но и дека некој облик на финансиска спогодба помеѓу наскоро поранешните сопружници сепак е направена. Наводно, на денот кога Мелинда официјално побарала развод, Бил ѝ префрлил акции во вредност од речиси 2 милијарди долари.

Уште не е јасно што го предизвикало крајот на бракот, но познато е дека Мелинда прва поднела барање за развод велејќи дека нивниот однос е „неповратно нарушен“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates)

Обвинета убавата преведувачка

Некои „виновникот“ го гледаат во младата претприемачка, која соработувала со парот Гејтс. Имено, Же Шели Ванг (36), која соработувала со филантропската фондација Бил и Мелинда Гејтс, морала да одговори на гласините што кружат на интернет, а според кои таа имала афера со Бил Гејтс. Ванг рекла дека тоа се неосновани гласини и дека не е виновна за разделбата на Бил и Мелинда, кои беа во брак 27 години.


„Отпрвин мислев дека гласините самите ќе се побијат, бидејќи нивните извори немаат основа, но не очекував дека ќе станат сѐ полуди. Благодарност до сите што изразија загриженост за мене во изминатите 24 часа преку приватни пораки и до пријателите што ми помогнаа да ги негирам озборувањата“, напишала Ванг на социјалната мрежа Веибо. Нејзините пријатели ја бранат, велејќи дека таа е чесна девојка и дека не би се вмешала во туѓи бракови.


Ванг, која живее во Сиетл и не е мажена, е професионална преведувачка, а соработувала со Универзитетите Јејл и Харвард, како и со Фондацијата „Гејтс“. Нејасно е што довело до тоа Ванг да биде мета на гласини, освен фотографиите што ги објавила на интернет, а кои покажуваат дека соработувала со Фондацијата „Гејтс“, но навестувањето за нејзината врска со Бил како пожар се раширило на кинеските социјални мрежи.

Еднаш годишно се гледал со поранешната девојка

Медиумите се концентрирале и на годишните одмори на милијардерот и на неговата поранешна девојка Ен Винблад, со која бил во врска пред Мелинда. Еден од најинтригантните детали од бракот на Бил и Мелинда е фактот дека тој одржувал цврст контакт со поранешната девојка. Гејтс секоја пролет поминувал неколку денови со Ен во нејзината куќа во Оутер Бенкс, без Мелинда, каде што уживале во возењето џипови по песок, во долгите прошетки и во возењето глисер. Самиот Бил тоа го потврди во интервјуто од далечната 1997 година, во кое открил дека поминува еден викенд годишно со Ен.

Гејтс еднаш годишно поминувал викенд со поранешната девојка, Мелинда го одобрувала тоа!

Бил и Ен раскинале во 1987 година, по тригодишна врска, делумно затоа што Ен, која е пет години постара, тогаш била подготвена за брак, додека Гејтс не бил. „Кога решив да се оженам со Мелинда, ѝ се јавив на Ен и ја прашав за благослов“, изјавил Бил за „Тајм“. Ен во меѓувреме се омажила за Едвард Алекс Клајн.

Поврзани вести

ФОТО | Модниот избор на Ирина Шајк: Совршен изглед за долгите топли денови

Слободен печат

ФОТО: Дамиано сака да ги бакнува момците од бендот, а неговата девојка ја привлекуваат и жени: Џорџа Солери искрено за својата сексуалност

Слободен печат

Фановите загрижени: Харисон Форд се повредил за време на снимањето на петтото продолжение на филмот„Индијана Џонс“

Слободен печат

Истражување: Зошто е точна изреката „кој рано рани, две среќи граби“?

Слободен Печат

Автокино проекции во Неготино, Кавадарци и Демир Хисар: Романтичен викенд со „Ах, љубов моја“

Слободен печат

ФОТО: Земји во кое жените со вишок килограми и облините симбилозираат убавина и добар живот

Слободен печат

Остави Коментар