ФОТО | Бил Гејтс стана дедо

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Ќерката на Бил Гејтс и неговата поранешна сопруга, Мелинда Френч Гејтс – наследничка на Мајкрософт, вљубеничка во коњичкиот спорт, биолог и идна мајка Џенифер Гејтс стана мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)

Џенифер Гејтс, на социјалните мрежи објави дека се породила. Таа и нејзиниот сопруг Наџел Насар станаа родители на девојче.

„Испраќаме љубов од нашето здраво мало семејство“, напиша Џенифер покрај фотографијата од босите стапала на нејзината ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)

Во ноември 2022 година, Џенифер откри дека е бремена и објави фотографии од нејзиниот стомак. „Благодарна“, напиша тогаш таа со фотографија на која позира со својот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)


Џенифер Гејтс – која може да се пофали со повеќе од половина милион следбеници на Инстаграм – се омажи за олимпискиот коњаник Најел Насар во октомври 2021 година на нејзината фарма за коњи Вестчестер од 124 хектари и 16 милиони долари, која беше подарок од нејзините родители откако дипломирала на Универзитетот Стенфорд. Раскошната церемонија чинела дури 2 милиони долари.

ФОТО | Ќерката на Бил Гејтс со сопругот живее во грандиозен пентхаус од 51 милион долари

ФОТО| Најмногу и пречат теориите на заговор за татко ѝ: Најмладата ќерка на Бил Гејтс е „тиктокерка“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот