ФОТО | Ќерката на Бил Гејтс со сопругот живее во грандиозен пентхаус од 51 милион долари

Фото: Принтскрин - Јутјуб

Ќерката на Бил Гејтс и неговата поранешна сопруга, Мелинда Френч Гејтс – наследничка на Мајкрософт, вљубеничка во коњичкиот спорт, биолог и идна мајка Џенифер Гејтс – живее во грандиозен пентхаус од 51 милион долари со сопствен базен.

Огромниот пентхаус од од 8.900 квадратни метри се наоѓа на ул. 443 Гринич, која претходно беше во сопственост на шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, пишува New York Post“.

Фото: Принтскрин – Јутјуб

Минималистички дизајн, голема библиотека, мебел во кој доминира белата боја и природните материјали. Високите потпорни дрвени столбови се во фокусот на целиот ентериер. Пентахаусот располага и со со 3.400 квадратни метри отворен дел, со голем базен и дел за релаксирање под отворено небо.

Фото: Принтскрин – Јутјуб

Џенифер Гејтс – која може да се пофали со повеќе од половина милион следбеници на Инстаграм – се омажи за олимпискиот коњаник Најел Насар во октомври 2021 година на нејзината фарма за коњи Вестчестер од 124 хектари и 16 милиони долари, која беше подарок од нејзините родители откако дипломирала на Универзитетот Стенфорд. Раскошната церемонија чинела дури 2 милиони долари.

Фото: Принтскрин – Јутјуб

Џенифер и Најел го очекуваат своето прво дете. 26-годишната ќерка на Бил и Мелинда ја откри радосната вест на Денот на благодарноста, објавувајќи фотографии на кои го покажа трудничкото стомаче и на кое позира со сопругот.

Фото: Принтскрин – Јутјуб

Најел Насар е роден во Америка, 1991, како дете на Фуад Насар и Иман Хабри, сопственици на компанија која се занимава со архитектура и дизајн на ентериер.  Според „People“, богатството на ова семејство се проценува на околу 100 милиони долари. Најел притоа се занимава со јавање коњи уште во почетокот на своето најрано детство во Кувајт. Оваа страст растела до таму што во 2011 добива Гран При на трките во Абу Даби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Gates (@jenniferkgates)


Тие не се само сопружници, туку и бизнис партнери. И двајцата завршиле на Универзитетот Стенфорд, со што тој е дипломиран економист, а таа има дипломиран биологог. Џенифер во многу наврати изјави дека нивното запознавање било поврзано со љубовта кон јавањето коњи.

Луѓето кои допрва ќе се раѓаат, ќе имаат подобар живот од нивните родители, вели Бил Гејтс

ФОТО | По разводот со Мелинда, Бил Гејтс има нова љубов

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот