ФОТО | Мајли Сајрус повторно „украде“ ју-стајлинг, Tвитер ѝ порача: Мајли, можеш вода да ѝ носиш на Брена!

Мајли Сајрус/Лепа Брена
Мајли Сајрус/Лепа Брена/Инстаграм

Порано веќе пишувавме за тоа како американската музичка ѕвезда Мајли Сајрус, со својот стил и фризура наликува на фолк-дивата Лепа Брена.

Изгледа дека тој екс-ју стајлинг особено ја инспирира Мајли, па пејачката повторно почна да ги полни социјалните мрежи со фотографии на кои личи на Лепа Брена – стајлингот, фризурата па дури и на движењата на сцена.

Последно, еден од корисниците на Твитер сподели фотографија на која напиша:

„Видете ја Мајли, па вака изгледаше Лепа Брена пред 35 години, буквално“

И навистина, младата пејачка многу наликува на неа, а што се однесува до стилот и храброста, некои на шега напишаа:

„Мајли може само вода да ѝ носи на Лепа Брена“

Мајли Сајрус/Лепа Брена
Мајли Сајрус/Лепа Брена/Printscreen

Погледнете ја оваа фотографија, слободно може да се смести во времеплов од осумдесетите:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miley Cyrus (@mileycyrus)

И не само тоа, таа објави и фотографии како ќе изгледа на новогодишната вечер – и навистина, многу наликува на Брена.

ФОТО | Мајли Сајрус „плукната“ Лепа Брена: Дали ви личат?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот