Мајли Сајрус доби ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд/Фото: EPA/TED SOQUI

ФОТО | Мајли Сајрус доби ѕвезда на холивудската Патека на славните

Пејачката и актерка Мајли Сајрус ја доби својата ѕвезда на холивудската Патека на славните, а во текот на церемонијата поддршка ѝ беа нејзината мајка Тиш Сајрус, сестрата Бренди Сајрус и свршеникот Макс Морандо. Иако нејзиниот татко Били Реј Сајрус беше забележливо отсутен на големиот ден, ѕвездата од „Хана Монтана“ му упати трогателна посвета во својот говор.

Мајли Сајрус со мајка си Тиш и сестрата/Фото: EPA/TED SOQUI

– Мојот татко велеше дека облакодер почнува со удар со чекан, а патем речено, така е и со ѕвездата на Патеката на славните. И не станува збор за сила, туку за повторување. Она што ја прави оваа ѕвезда толку посебна е тоа што таа е збир на посветеност – рече Мајли пред публиката, меѓу која беа и нејзините пријателки – актерката Ања Тејлор-Џој и модната дизајнерка Донатела Версаче.

Мајли Сајрус со Донатела Версаче и Ања Тејлор-Џој/Фото EPA/TED SOQUI

Иако Мајли и Били Реј беа во конфликт во последните години – пејачката на хитот „Party in the U.S.A.“ Во поткастот „Reclaiming“ во 2025 година откри дека „половина од семејството не зборувало во еден момент“ – таа изјави дека „го кренала белото знаме“ и лани ги обединила сите членови.

Таа дури и повторно се сретна со Били Реј во мај 2025 година на забавата по повод 31-виот роденден на нејзиниот брат Брејсон Сајрус, споделувајќи тогаш на Инстаграм фотографија од семејното собирање исполнето со „мир“ и „исцелување“ на Инстаграм.

Една година подоцна, 33-годишната пејачка чувствува само благодарност кон своите најблиски кои ѝ помогнале да го оствари ова значајно достигнување, вклучувајќи го и Макс, со кого се сврши во 2025 година по четири години врска.

Мајли Сајрус со свршеникот Макс/Фото: EPA/TED SOQUI

– Ова ме трогна. До моето семејство, моето идно семејство, моите родители, мојата мајка, моите браќа и сестри, моите пријатели, моите колеги: ви благодарам што ги сакате и поддржувате не само одлуките што ги донесувам, туку и моите стравови и што се соочувате со нив заедно со мене – рече Мајли на Патеката на славните, борејќи се со солзите.

Добитничката на Греми, исто така, им се заблагодари на обожавателите кои ја поддржуваат од самиот почеток.

– До моите обожаватели, вие сте ѕвездите кои секој ден го остваруваат мојот сон со вашата љубов и поддршка – порача Мајли.

Таа додаде дека се надева дека нејзината музика ќе „продолжи да ги допира срцата на идните генерации“ и долго откако таа ќе си замине, „ќе разбуди нешто сирово и несовршено, секси и гламурозно и радосно во времињата кога тоа е потребно“.

 

ФОТО | „Ова е толку моќно!“: Мајли Сајрус позираше целосно гола за луксузната модна куќа „Мезон Маржела“

ФОТО | „Ова е толку моќно!“: Мајли Сајрус позираше целосно гола за луксузната модна куќа „Мезон Маржела“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот