ФОТО | Љубов која не бледее: Харисон Форд по 15 години ја откри тајната на среќниот брак со Калиста Флокхарт
Харисон Форд откри едноставно, но многу ефективно правило, кое, како што вели, е клучот за неговиот успешен брак со сопругата Калиста Флокхарт. Познатиот актер и ѕвезда на „Индијана Џонс“ прослави 15 години брак, а тајната на нивната среќа всушност е многу едноставна.
Препорачано
На доделувањето на наградите „Actor Awards 2026“ во Лос Анџелес, Форд зборуваше за својата сопруга, за љубовта и за благодарноста кон семејството. Тогаш откри и што, според него, го прави бракот долготраен. Во истата вечер доби и почесна награда за животно дело, благодарејќи ѝ на семејството за поддршката која, како што рече, го држи „со нозе на земја“.

Форд искрено призна дека нивната врска се одржува со едно едноставно правило:
„Не ѝ кажувам на сопругата што да прави“ .
На прашањето дали Калиста би можела да гостува во неговата хит-серија „Shrinking“, тој со насмевка додаде:
„Таа одлучува за тоа“.

Љубовта започнала со случајно пролевање вино
Форд и Флокхарт се запознале во 2002 година на Златните глобуси, а шармантниот инцидент со пролевање вино бил почетокот на нивната романса. Се венчале осум години подоцна, на Валентајн, 2010 година, по седум години врска.
Харисон тогаш, покрај тоа што стана сопруг, официјално го посвоил синот на Калиста, Лијам, со што нивното семејство станало целосно.
Примајќи ја наградата за животно дело, Форд рече дека се смета за среќник:
„Понекогаш создававме забава, понекогаш уметност. Понекогаш имаме среќа и правиме и двет, а уште и од тоа живееме. Среќен човек сум. Среќен што ги најдов своите луѓе, работата која ме предизвикува и можноста сè уште да ја работам“.
На крајот, тој ѝ се заблагодари на својата „извонредна, прекрасна сопруга“ и на семејството „кој му даде љубов и храброст во сите овие години“


