ФОТО | Лили Ален прослави со торта: Поминаа две години откако сум трезна и не конзумирам дрога
Пејачката Лили Ален на својот инстаграм – профил со неколку објавени фотографии, заедно со соодветен опис, одбележа две години како не конзумира алкохол и наркотици.
Препорачано
„Поминаа две години откако сум трезна и не конзумирам дрога. Ова е најдоброто нешто што сум го направила. Порано правев многу срања“, напишала Лили под објавата на социјалните мрежи.
Таа објави и принтскрин од апликацијата што ја користи за да следи колку дена поминале откако била трезна, а со тоа потврди дека поминале цели две години откако им „свртела грб“ на алкохолот и дрогата.
View this post on Instagram
Пејачката секогаш отворено зборуваше за зависност од алкохол и наркотични средства, но во минатото Лили се сврте кон пороците поради бројни проблеми во нејзиниот приватен живот. Пред неколку години, таа исто така се бореше и со биполарно растројство.

Нејзиниот сопруг Дејвид Харбор е нејзината најголема поддршка. Лили се откажа од алкохолот и дрогата откако ја започна врската со актерот, а се венчаа минатата година.
Имајќи предвид дека овој ден се слави и како втор роденден, Лили се пофали и со торта на која е напишан бројот 2.


