Лили Ален и Џона Фројд/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Славната пејачка Лили Ален потврди дека е во врска со праправнукот на Зигмунд Фројд

Британската пејачка Лили Ален (40) потврди дека е во врска со Џона Фројд, пра-правнукот на познатиот австриски невролог и основач на психоанализата Зигмунд Фројд. Пејачката вплови во новата љубов една година откако се разведе со сега поранешниот сопруг, актерот Дејвид Харбор.

Иако во последните месеци беше видена и фотографирана неколкупати во друштво на Џона, таа сè досега не зборуваше јавно за својот љубовен статус, пишуваат странските медиуми.

Во новото интервју за магазинот „Грација“, 40-годишната пејачка кратко одговорила на прашањето кому му пратила порака последно: „На моето момче“. Со тоа првпат јавно потврди дека е во врска, пишува „Дејли мејл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mexico Muse Magazine (@mexicomusemag)


Лили и Џона биле забележани како се бакнуваат на нејзината божиќна забава преполна со славни личности во лондонскиот „Стрингфелоус“ во декември.

Двојката неодамна престојувала заедно во Рим и во Париз. Минатиот месец биле снимени како пијат кафе пред едно кафуле во италијанската престолнина, а престојувале во хотелот „Локарно“, во апартман чија цена за ноќевање е 930 евра.

– Поминавме покрај неа, а мојата снаа ја препозна и рече: „О, Боже, па тоа е Лили Ален“. Повторно погледнавме и навистина беше таа. Беше со Џона Фројд. Седеа, пиеја кафе и пушеа – изјавил очевидец за „Сан“.

Неколку дена подоцна, Лили и Џона отпатувале во Париз за Модната недела, каде што биле видени како заедно го напуштаат апартманот, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека се во сериозна врска.

Татко на Џона Фројд е Метју Фројд, британски претприемач и основач на „Фројд комуникејшнс“, меѓународна ПР фирма со седиште во Велика Британија. Неговата мајка, Каролин Хатон, е аристократка и поранешна сопруга на братот на принцезата Дајана, Чарлс Спенсер.

Инаку, неговата баба Џил била позната актерка, неговиот дедо Сер Клемент Рафаел бил политичар и водител, а неговата тетка Ема е телевизиска новинарка.

Секако, можеби најпознатиот предок на Фројд е неговиот пра-прадедо: Зигмунд Фројд.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

Лили уште во октомври лани потврди дека повторно излегува на рандевуа, но тогаш избегна да одговори дали е во сериозна врска. Во интервју за списанието „Интервју“, таа отворено проговори за своите искуства со апликациите за запознавање по разводот на бракот.

– Ужасни се, особено кога ви е скршено срцето. Нема ништо подепресивно од стотици луѓе, од кои ниту еден не личи на личноста што ви недостасува. Само мислите: „Не, не е тој. Не е тој. Не е тој – рекла таа.

Раскинувањето со Харбор ѝ послужил и како инспирација за нејзиниот нов албум „West End Girl“.

– Не мислам дека е албум што се занимава со самопреиспитување. Тоа е навистина лут албум и многу повеќе зборува за гневот насочен кон другите – неодамна изјавила Лили за „Вајс“.

На албумот, се чини дека го обвинила својот поранешен сопруг, 50-годишниот Дејвид Харбор, ѕвездата од серијата „Чудни нешта“ (Stranger Things), дека имал афера со жена по име Маделин. Таа наводно почнала да се сомнева во неговата верност и, според пишувањето на медиумите, го открила на апликацијата Raya – платформа на која и тие се запознале во 2019 година.

По објавувањето на албумот, се огласила и жената за која се шпекулира дека била во врска со актерот. Станува збор за 34-годишната костимографка од Њу Орлеанс, Натали Типет, која тврди дека била во љубовен однос со Харбор.

Харбор и Ален се венчаа во 2020 година на церемонија во Лас Вегас.

ВИДЕО | „Тонам се подлабоко и подлабоко“: Позната пејачка поминува низ агонија поради предавството на сопругот, лечењето на клиника ќе ја чини 8.000 долари неделно

ФОТО | Лили Ален шокираше на промоцијата на албумот: Пејачката им подари на гостите играчка за возрасни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот