Лили Ален / Фото: EPA/TAL COHEN

ФОТО | Лили Ален шокираше на промоцијата на албумот: Пејачката им подари на гостите играчка за возрасни

По седумгодишна пауза, пејачката Лили Ален се врати на музичката сцена со нов албум, „West End Girl“, за кој се вели дека е за распадот на нејзиниот брак со актерот Дејвид Харбор.

Таа го прослави своето враќање на забава организирана за неа и нејзините пријатели од списанието „Перфект“ во ресторат во познат лондонски хотел, пишува „Стандард“.

„Бев преплавена од емоции. Не мислев дека повеќе можам да пишувам музика“, рекла расплаканата Лили Ален за време на забавата, откривајќи колку многу ѝ значи овој албум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lily Allen (@lilyallen)

На вечерата, гостите на масата биле пречекани од нешто необично – во кутиите имаше сино-бел подарок – играчка за возрасни. Подарокот беше поврзан со стих од нејзината песна „Pussy Palace“, во кој таа пее за пронаоѓањето на тој предмет (but plug) во чантата на нејзиниот сопруг. Подарокот всушност беше ју-ес-би стик што го содржеше нејзиниот албум.

Меѓу среќните добитници на овој необичен подарок беа Микита Оливер, ко-водителка на подкастот „Лилинег“, моделот Адвоа Абоа, уредничката на „Перфект“, Кејти Гранд, и водителот Ник Гримшо, кои исто така го споделија својот ентузијазам на Инстаграм.

Инаку, Лили и Дејвид се запознаа во 2019 година и набрзо станаа еден од омилените познати парови. Тие официјално ја потврдија својата врска истата година, а во 2020 година се венчаа во Лас Вегас. Нивниот брак наводно завршил минатиот декември, откако Ален го обвини Харбур за повеќекратни измами, вклучително и тригодишна афера со помлада костимографка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот