ФОТО | Криси Тајген и Џон Леџенд го добија четвртото бебе од сурогат-мајка: „Среќна сум што можам на светот да му кажам дека е тука“

Фото: Instagram/ chrissyteigen

Криси Тајген и Џон Леџенд го добија своето четврто дете преку сурогат-мајка, а среќната вест ја сподели преку емотивна објава на нејзиниот Инстаграм профил.

Бебето се родило на 19 јуни, а парот му го дал името Рен Александар Стивенс, во чест на сурогат-мајката, чие име е Александра.

Фото: Instagram/ chrissyteigen

Раѓањето на Рен доаѓа само неколку месеци откако Криси и нејзиниот сопруг го добија своето трето заедничко дете, ќерката Ести. Тие исто така се родители на седумгодишната Луна и четиригодишниот син Мајлс.

Фото: Instagram/ chrissyteigen

Среќниот  момент во нивниот живот, се случува речиси две години откако таа и Џон го загубија синот Џек, во дваесеттата недела од нејзината бременост. Тогаш, таа откри дека за жал била приморана да има абортус, за да го спаси сопствениот живот.

Фото: Instagram/ chrissyteigen

Во својата долга објава, покрај фотографиите, Криси го опишува целиот процес на сурогат-мајчинството, го спомнува нејзиниот покоен син Џек, а на Александра ѝ се заблагодарува за ова несекојдневно доживување.

ФОТО | „Града која виси и виолетови лузни“: Криси Тајген целосно гола со новороденчето во када

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот