ФОТО: Костимите на Лејди Гага на аукција за повеќе од милион долари

Фото: Профимедиа

Двата најнови костими на Лејди Гага, кои поп ѕвездата ги носеше во спотот за песната „911“, премиерно прикажан пред нешто повеќе од два месеци, се наоѓаат на аукција за повеќе од милион американски долари.

Еден од костимите во кој поп ѕвездата наликува на вонземјанин и црвениот фустан со шилест градник, во моментот се наоѓаат на аукција, наведуваат американските медиуми.

Фото: Профимедиа

Нешто повеќе од два месеци откако ги претстави костимите во спотот за третиот сингл „911“ од студискиот албум „Chromatica“, костимите ќе бидат продадени на аукција.

Фото: Профимедиа

Почетната цена на еден костим се движи околу еден милион американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот