ФОТО | Кејт Мидлтон заигра рагби: Војвотката наследи дел од должностите на принцот Хари и Меган Маркл

кејт мидлтон
Кејт Мидлтон / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Кејт Мидлтон официјално е новиот кралски покровител на „Rugby Football Union“ и „Rugby Football League“. Оваа должност ѝ ја додели кралицата Елизабета Втора, а оваа улога претходно ја имаа принцот Хари и Меган Маркл кои се откажаа од сите кралски обврски, пренесува „People“.

Во средата, Кејт го посети стадионот Твикенхем за да се сретне со англиските играчи од машката и женската екипа додека се подготвуваат за шампионатот на шест нации, како и со тренерите и судиите, воодушевувајќи ги сите со својата атлетика на теренот каде во еден момент ја кренаа во воздух.

„Ова се две фантастични организации посветени на искористување на моќта што спортот може да ја има во зближувањето на заедниците и помагањето на поединците да напредуваат. Со нетрпение очекувам да работам со нив на сите игри и да ја бодрам Англија во она што ветува дека ќе биде возбудлива година за двата спорта“, соопшти Кабинетот на војвотката во палатата Кенсингтон.

Кејт е позната по своите спортски способности, војвотката во 2017 година ги покажа своите рагби вештини за време на патувањето во Париз каде воодушеви со својата игра на теренот ни повеќе ни помалку во фустан и штикли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Пипа Мидлтон, помладата сестра на Кејт за „Vanity Fair“ во 2014 година откри дека рагби е дел од нивната семејна традиција.

„Замислете ја сцената – сабота попладне во домаќинството на Мидлтон. Атмосферата е тешка, полна со очекувања. Сите очи се вперени во телевизија гледајќи ја Англија како игра со Ирска на рагби турнирот на пет нации во 1996 година. Рагби беше голема работа во нашето семејство и ги планиравме викендите според натпреварите. Кога ќе изгубевме, татко ми до крајот на попладнето беше во состојба на очај, како всушност самиот да ја изгубил играта“, тогаш изјави Пипа.

„Rugby Football Union“ беше меѓу организациите кои му се заблагодарија на принцот Хари за неговата поддршка во февруари 2021 година, кога беше потврдено дека војводата и војвотката од Сасекс нема да се вратат на нивните кралски должности.

Покрај добротворните позиции кои претходно ги имаа принцот Хари и Меган, и сите воени врски и кралски должности кои му беа одземени на принцот Ендру на почетокот на овој месец поради сексуални обвиненија, се очекува да бидат прераспределени на други членови на кралското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот