ФОТО | Изгледа двојно помладо! Сузана Манчиќ објави фотографија по естетската операција на очите

Фото: Инстаграм

Најпознатата „лото“ девојка во поранешната Југославија, српската водителка Сузана Манчиќ со години важи за една од најубавите жени на јавната сцена, а неодамна одлучи дополнително да поработи на своето лице и да се подмлади со еден естетски зафат.

Водителката неодамна имаше операција на очните капаци, а сега покажа и како изгледа по интервенцијата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Поранешната „лото“ девојка гордо објавува фотографии на својот инстаграм-профил, а судејќи по фотографиите, Сузана навистина изгледа многу помладо.

– Само ведро и весело, задржете го работниот елан уште само малку. Утре започнува викендот. Ви посакувам убав ден – пишува во описот на фотографијата на Сузана, а потоа објавила уште две фотографии.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

– Одморот толку релаксира – стои покрај втората фотографија, додека на третата ја гледаме во фризерски салон.

Да потсетиме, водителката неодамна ослабе преку 10 килограми и откри колку води сметка за исхраната.

– Утрото секогаш го започнувам со топла лимонада и ќесичка суплементи кои ги имаат сите неопходни минерали и витамини. Истото го пијам и за ручек. Вечерата доаѓа како награда: полна чинија мешавина од зелена салата, парче риба или бифтек – изјави Сузана.

 

ФОТО | Сузана Манчиќ со рани на очите: Водителката објави фотографија по операцијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот