ФОТО | Сузана Манчиќ со рани на очите: Водителката објави фотографија по операцијата

сузана манчиќ
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Најпознатата „лото“ девојка во регионот, српската водителка Сузана Манчиќ пред една недела имала операција на очните капаци, а сега покажа како изгледа по интервенцијата.

Водителката и поранешна „лото“ девојка по процедурата го покажа своето лице и откри дали е задоволна од тоа како изгледа сега.

„Утре се навршуваат точно седум дена од корекција на очните капаци, вчера ги извадивме конците. Ми се допаѓа, задоволна сум“, напиша Манчиќ.

Водителката неодамна за српски „Информер“ призна дека ќе оди на операција и дека не била во паника поради тоа.

Ова не е прва естетска корекција што ја има Сузана, а е една од ретките што води сметка за тоа да не претера. Манчиќ во една прилика призна дека уште кога била многу млада ги оперирала градите и носот.

– Градите и носот ги направив навреме, како многу млада девојка. Да, не сакав, затоа што сега би имала комплекс зошто имам ваков нос. А кога ме запозна големиот сликар Миќа Поповиќ, ми рече: „Девојко, вие изгледате како античка божица“. Само носот ми беше ваков, рамен, но сега кога ќе го погледнам, можеби не беше лош, но јас сакав да бидам прчеста. И потоа отидов и го средив носот. По неколку години ги решив и градите и јас го завршив своето. Ете – рекла Сузана во една прилика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот