Фото: EPA/MARTIN DIVISEK

ФОТО | Илјадници студенти и ученици во Чешка на нозе — протестираа за независност на јавните медиуми

Илјадници средношколци и студенти денес маршираа низ Прага. Протестираа против владиниот план за менување на системот на финансирање на јавните медиуми, така што главната чешка телевизија и радио во иднина би се финансирале од буџет за кој одлучува Владата, што според демонстантите претставува опасен притисок врз медиумската независност, пренесе „Индепендент“.

„Нема да ви дозволиме да ги земете медиумите“, извикуваа демонстрантите.

Помали протести беа организирани низ цела Чешка.

Новата коалициска влада предводена од премиерот Андреј Бабиш го изработи планот за укинување на надоместоците што ги плаќаат поединци, домаќинства и бизниси за пристап до овие медиуми.

Фото: EPA/MARTIN DIVISEK

Наместо тоа, јавните медиуми би биле целосно зависни од државниот буџет. Критичарите велат дека тоа би ја загрозило нивната автентичност, објективност и самостојност.

Нацрт-планот значително би ги намалил тековните буџети на јавните медиуми. Тој сè уште треба да добие одобрување од владата и парламентот.

Синдикатите на вработените во медиумите соопштија дека се подготвени да стапат во штрајк доколку владата продолжи со законските измени, кои би можеле да стапат на сила следната година.

Фото: EPA/MARTIN DIVISEK

Реагираше и Меѓународниот институт за печат (ИПИ) со седиште во Виена.

„Се плашиме дека мотивот зад предложените измени е да се ослабне финансиската и уредничката независност на радиодифузерите и да се загрози нивната способност да ја исполнуваат својата јавна улога“, стои во реакцијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот