ФОТО: Горјан Славески е носител на европската титула од УБФ

Директорот на АМС, Наумче Мојсовски со борецот Горјан Славески (десно)/Фото: Агенција за млади и спорт

Денеска Агенцијата за млади и спорт објави дека директорот Наумче Мојсовски имаше средба со македонскиот борец Горјан Славески на кој треба да се гордееме.

Славески е инаку носител на европската титула од УБФ (Универзална Боксерска Федерација) и беше гостин во Агенцијата за млади и спорт.

Исто така минатата година во Германија победи и во супер средна категорија до 76 килограми.

– Имаме со што да се гордееме. Честитки за досегашните успеси и победи. Му посакуваме уште многу успешни борби и настапи во многу држави како боксер, како и во BKFC борбите (Bare Knuckle Fighting Championship) – информираат од АМС.

Минатиот месец во првата рунда триумфираше со нокаут против Џастон Стилс, борба која беше одржана во Флорида, САД.

Тоа беше инаку втора борба за Славески за БКФЦ, и втора победа по ред, првата ја запиша против Русинот Рамал Аманов во април годинава.

Фото: Агенција за млади и спорт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот