ФОТО | Голема причина за славење кај Билбилов, музичарот има за честење
Познатиот композитор, продуцент и пејач Роберт Билбилов деновиве има огромна и убава причина за славење.
Препорачано
Неговиот син Давид ја прослави својата матурска вечер, означувајќи го крајот на едно важно животно поглавје и почетокот на зрелоста.
Билбилов не ја криеше гордоста, па на социјалните мрежи сподели серија фотографии и видеа од славеничката атмосфера, придружени со познатиот хит на Мајкл Џексон „Don’t Stop ‘Til You Get Enough“ и искрени честитки за својот наследник.
За оваа специјална вечер, младиот Давид избра елегантен костум, а позирањето во автомобилот со неговиот познат татко покажува дека, покрај одличниот стил, двајцата споделуваат и супер енергија.

Она што особено ги разнежни и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи е една исклучително емотивна фотографија.
На неа, младиот матурант е снимен во топла прегратка со својата баба — мајката на Роберт Билбилов. Овој редок и искрен семеен момент ја покажа силната поврзаност меѓу генерациите во семејството и огромната поддршка.

„Се трудам да бидам присутен, а не строг. Давид ми е најголем учител. Благодарение на него, научив што значи безусловна љубов. Секако дека сум татко, но понекогаш и тој мене ме смирува, ме исправува. Тој ми е и син, и пријател, и најискрениот критичар. Сакам да знае дека секогаш сум тука – за сè. Давид ми е син, ама и огледало. Со него зборувам отворено. Учиме еден од друг, и тоа ми е највредната врска“, рече Билбилов во едно интервју за „Слободен печат“.


