ФОТО | Го живее животот на максимум: Георгина Родригез во минијатурно бикини ужива покрај плажа
Георгина Родригез, свршеницата на Кристијано Роналдо, повторно ги воодушеви своите речиси 72 милиони следбеници на Инстаграм, откако сподели серија фотографии од луксузниот семеен одмор што го ужива со фудбалската ѕвезда и нивните деца.
Препорачано
31-годишната Георгина ги истакна своите облини во црвено бикини на плажа, позирајќи додека скока. Таа објави и бројни фотографии од нивните деца како уживаат во игри и водни активности, додека нејзиниот партнер Роналдо е „уловен“ во теретана, докажувајќи уште еднаш дека за него нема одмор.
Серијата фотографии вклучува и неколку селфиња и сцени кои сведочат за луксузниот одмор. Таа напиша и емотивна порака покрај објавата: „Јас го живеам животот, ги сонувам соништа и сум вечно благодарна на Бога, чија љубов ме води, одржува и инспирира“.
View this post on Instagram
Нејзините фотографии предизвикаа лавина од реакции на интернет, а следбениците го изразија своето воодушевување во коментарите.
„Кристијано е среќен човек“, напиша еден обожавател. „Семејство од соништата“, додаде друг. „О, Боже, таа е вистинска божица“, беше друг коментар, додека еден корисник рече: „Семејството е секогаш најважно, бакнежи за Џио“.


