Георгина Родригез – Како продавачката со месечна плата од едвај 300 евра стана милионерка со веренички прстен кој чини цело богатство!
Животот на Георгина Родригез тргнал по сосема поинаков пат откако го запознала Кристијано Роналдо, но тој пат до среќата не бил лесен. Убавата инфлуенсерка е родена во Буенос Аирес во 1994 година, но се преселила во шпанскиот град како дете, каде што нејзиниот татко дошол поради фудбалот, а по преселбата работел како тренер.
Препорачано
На четиригодишна возраст, Георгина ја открила својата голема љубов – танцувањето.
„Не бев многу убаво дете. Секако не бев најубавата во класот. Едноставно се чувствував нормално. Танцот ме научи на дисциплина и љубов кон уметноста“, изјави таа.
Подоцна му се посветила на манекенството.
„Не постои одреден момент во кој сум одлучила дека ќе бидам модел. Подоцна, во училиште, одеднаш почнаа да ми велат дека сум убава, дека имам добро тело, па и самата почнав да верувам во тоа“, откри свршеницата на Роналдо.
Набрзо добила можност во Мадрид, но немала пари, па отпатувала во Бристол за да најде работа и да го усоврши англискиот јазик.
„Бев и чистачка, ништо не ми беше проблем“, призна Георгина во исповед за медиумите.
Кога собрала доволно пари, се вратила во Шпанија. Живеела во Мадрид со нејзината сестра, но сè уште копнеела по успех. Потоа се вработила како продавачка во продавницата на „Гучи“ во Мадрид, а имала совршени пропорции на телото: 85-62-90. Додека била на смена, Кристијано Роналдо влегол во продавницата, а Георгина му помагала при купувањето, и оттогаш фудбалерот барал секогаш таа да му помага во изборот на гардероба.
Останатото е историја!
Колку чини вереничкиот прстен на Георгина?
Георгина сподели фотографијата на Инстаграм и ги воодушеви многуте следбеници со величествениот дијамантски прстен. Експертите за Page Six изјавија дека неговата цена се движи помеѓу два и пет милиони долари.
Аџај Ананд, извршен директор на Rare Carat, проценува дека скапоцениот камен во средината содржи повеќе од 30 карати, што би можело да го направи вреден пет милиони долари.
Од друга страна, Лаура Тејлор од компанијата Laurel Diamonds процени дека овој камен има помеѓу 15 и 20 карати и чини повеќе од два милиони долари.
– Централниот камен е опкружен со дијаманти, што додава уште повеќе сјај и го прави да изгледа уште поголем – рече таа, додавајќи дека веројатно бил вграден во платина поради безбедност.
Богатството на Родригез стекнато од манекенство, реални шоуа и претприемништво се проценува на 10 милиони долари.


