ФОТО | „Ги доживувам како свои деца“: Цаци Паковска го прослави 48-от роденден, актерите од „Тин камп“ ѝ приредија изненадување
Модната стилистка, дизајнерка и продуцентка Цаци Паковска го одбележа својот 48. роденден во друштво на најблиските пријатели, соработници и младите таленти со кои со години работи и кои, како што самата вели, ги доживува како дел од своето семејство.
Препорачано
Прославата се одржа во скопски локал, во опуштена атмосфера, а меѓу гостите беа и пејачката Каролина Гочева со сопругот Михаил, како и дел од младите ѕвезди што израснаа низ проектите „Дајте музика“ и „Тин камп“.
Токму Миха Гигов, Филип Поповски, Марија Јанчевска и Луна Бејков беа и најголемото изненадување за славеничката – пристигнаа со торта и конфети.


Во изјава за „Слободен печат“, Паковска открива дека врската со младите уметници е навистина силна и дека ги доживува како свои деца.
„Филип и Миха ми се особено блиски, бидејќи ги познавам уште од нивната 10-годишна возраст, кога ги одбрав за ‘Дајте музика’ пред седум-осум години. Ги доживувам како мои деца и не постои настан на кој тие не се поканети – дури и кога станува збор за настани за возрасни. Подоцна, со ‘Тин камп’, таа приказна продолжи и со Марија и со Луна. Со сите нив имаме посебен однос и сосема природно е да бидат дел од моите најблиски, како семејство. Присутни се на сите наши приватни прослави, заедно со моите најблиски пријатели.
Од нив секогаш добивам исклучително внимателни подароци, навистина ме познаваат како личност. Вчера ми приредија изненадување со торта и конфети, што беше навистина преслатко. Сите пееја, иако не го очекував тоа, бидејќи стануваше збор за роденденски бранч во текот на денот. Тие секогаш се тука за мене, исто како што и јас се трудам да бидам тука за нив. Вниманието и радоста се заемни, никогаш еднонасочни“, вели Паковска.
Таа дел од атмосферата сподели и на социјалните мрежи, со кратка порака: „22.3. Ниво 48 отклучено. Среќна и благословена“.


Интервју со Цаци Паковска: Со „Дајте музика“ новата генерација доби свои херои помеѓу децата-актери


