Георгина Родригез прстен - Фото: Инстаграм

ФОТО | Георгина за прстенот од Роналдо вреден 3 милиони долари: „Тоа беше најмалку што можеше…“

Георгина Родригез во своето ново интервју откри како го доживеала златниот прстен за веридба вреден три милиони долари, кој го добила по десетгодишна врска со Кристијано Роналдо, но зборуваше и за нивната иднина.

Родригез наскоро треба да се омажи за Роналдо, а во разговор за шпанското издание на „Ел“ (Elle) се пошегува дека таков прстен бил најмалку што тој можел да ѝ понуди по десет години чекање.

„Прекрасен е. Тоа беше најмалку што можеше да ми го даде по десет години чекање. Искрено, кога ме запроси тоа ми беше последната работа на памет. Ми требаше време да го процесирам тој огромен камен кој ми го даде. Бев толку шокирана што го оставив во собата и не ја отворив кутијата до следниот ден“, изјави Георгина.

Кристијано ја запроси Георгина во август, со што ставија крај на шпекулациите. Парот е во врска од 2016 година и има две ќерки, Алана и двегодишната Бела. Џорџина е маќеа и на трите други деца на Кристијано, Кристијано Роналдо Јуниор и близнаците Ева и Матео.

За нивната долга љубовна приказна, Георгина рече:

„Осетив поврзаност која надминуваше физичко чувство. Беше како нашите души да разговарале една со друга пред да се сретнат нашите очи. Нешто во мене препозна нешто во него и од тој момент знаев дека оваа врска е сосема поинаква и уникатна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Таа посочи дека децата дополнително ги зближиле:

„Имаме пет деца, ги донесовме на свет заедно и тоа нè обедини на начин кој тешко се објаснува. Нашата љубов никогаш не престанува да расте, таа се менува, се приспособува и зајакнува во секоја фаза. Она што го чувствуваме сега е вистинско и цврсто“.

И покрај петте деца, постојаните патувања, снимања и професионални обврски, таа истакнува дека не си дозволува одмор:

„Само затоа што имам помош, тоа не значи дека немам грижи. Меѓу големото семејство, професионалните проекти и новата компанија, никогаш не сум мирна. Ми се допаѓаат толку многу активности, се чувствувам како многу среќна личност“.

Кристијано Роналдо и Георгија Родригез со децата / Фото: Инстаграм/Георгина Родригез

Иако стана славна Георгина вели дека останала иста:

„Мојата суштина она, станува иста, но имам други можности кои доаѓаат не само од мојот начин на живот, туку и од возраста. Имам одлична смисла за хумор и прва се смеам на себе, но не сакам шеги за физичкиот изглед или интелектот кои имаат цел да се исмевјуваат луѓето“.

Таа не крие дека отсекогаш сонувала за големо семејство и не ја исклучува можноста за уште деца со Роналдо:

„Тоа е исполнување на сонот кој го имав од детството. Дојдов од многу мало семејство, само мајка ми, сестра ми и јас, така што секогаш знаев дека сакам големо семејство во иднина. Благодарна сум што сега го имам“.

Георгина истакнува дека и покрај различните финансиски околности, тие им ги пренесуваат своите вредности на децата:

„Тие сведочат за сите напори кои ги вложуваме, дека ништо не им е дадено и ги потсетуваме на важноста да бидат борци и добри луѓе. Одговорни се, вредно работат во училиште и во своите активности и упорно следат ги своите соништа. Тоа е она што го гледаат дома“, заклучи таа.

Кристијано Роналдо откри кога ќе се жени со Георгина Родригез: „Не сакав да брзам со нешто толку важно“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот