Кристијано Роналдо и Георгина Родригез - Фото: Инстаграм

Кристијано Роналдо откри кога ќе се жени со Георгина Родригез: „Не сакав да брзам со нешто толку важно“

Фудбалерот Кристијано Роналдо неодамна се појави во поткаст што го води популарниот англиски новинар Пирс Морган. Тој, меѓу другото, зборуваше за својот приватен живот и откри детали од неговата свадба со Георгина Родригез.

Тој потврди дека свадбата ќе се одржи во 2026 година, по завршувањето на Светското првенство.

„Ќе се венчаме по Светското првенство“, рече тој низ смеа, додавајќи: „И се надевам дека ќе пристигнам на мојата свадба со шампионскиот трофеј“.

Двојката се сврши во август, а Роналдо вели дека запросувањето не било планирано, туку сосема спонтано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

„Добрите работи се случуваат природно. Фудбалот, животот, можностите, бракот… тие доаѓаат кога треба“, верува тој.

Тој ѝ предложи брак на својата партнерка во еден часот наутро, а нивните ќерки Алана и Ева одиграа важна улога.

„Додека ѝ го давав прстенот на Георгина, нашите ќерки влегоа и рекоа: „Тато, дали ѝ го даваш прстенот на мама и ја молиш да се омажи за тебе?“ Тогаш навистина сфатив – да, тоа беше вистинскиот момент “, се присети тој.

Кога го прашале зошто толку долго чекал, тој одговорил:

„Секогаш велам дека добрите работи се случуваат во вистинско време. Понекогаш ви треба време за да сфатите дека не треба да правите одредени грешки. Не сакав да брзам со нешто толку важно“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Фудбалерот не ја крие љубовта кон својата вереница.

„Ќе се оженам со неа затоа што верувам дека е вистинско време. Не само затоа што е мајка на моите деца, туку затоа што е личноста што ја сакам најмногу. Таа е љубовта на мојот живот“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот