ФОТО | Фотографија полна љубов: Мајкл Даглас во прегратка со својот едномесечен внук

Фото: Инстаграм

Познатиот холивудски актер Мајкл Даглас (76) е пресреќен во друштво на својот внук, па така тој на социјалните мрежи сподели црно-бела фотографија на која го држи едномесечниот Рајдер.

„Првпат го видов мојот едномесечен внук Рајдер“, напиша тој под фотографијата која е полна љубов оставајќи и насмеано емоџи и срце.

Неговиот син Камерон Даглас кој до неодамна беше познат во јавноста по своите пороци и неговата пернерка Вивијан Тибес му посакаа добредојде на нивното второ дете Рајдер Т. Даглас кон средината на декември. Парот веќе ја има тригодишната Луа.

Еден месец подоцна и гордиот дедо конечно го запозна својот внук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Douglas (@michaelkirkdouglas)

За потсетување, Камерон (42) е првиот син на актерот, кој го доби со Диандра Морела Даглас со која беше во брак од 1977 до 1995 година.

Мајкл е веќе 21 година во брак со актерката Кетрин Зета Џонс со која ги имаат ќерката Карис и синот Дилан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот