Фото: Screenshot

ФОТО: Еве како изгледа трибината која во дербито ја запалија навивачите на Партизан

Црвена звезда убедливо го доби новото издание на „вечното дерби“ против Партизан со 3-0, но покрај случувањата на теренот, вниманието го украдоа и драматичните сцени од трибините.

Како и секогаш, атмосферата беше наелектризирана, со кореографии, транспаренти и пиротехника, но овојпат работите излегоа од контрола на јужната трибина, каде што се сместени најжестоките навивачи на „црно-белите“ популарните „Гробари“.

Во еден момент избувна пожар во нивниот сектор, по што мораше да интервенира противпожарна екипа за да се спречи поголема катастрофа. Пламените јазици зафатија дел од трибината, а според првичните информации, изгорени се бројни столчиња и причинета е значителна материјална штета.

ВИДЕО: Жешко е на дербито во Белград – „Делии“ спуштија транспарент над „Гробари“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот