Партизан - Звезда/ Screenshot

ВИДЕО: Жешко е на дербито во Белград – „Делии“ спуштија транспарент над „Гробари“

Додека на теренот се води жестока борба во „вечното дерби“, тензиите кулминираа и на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Во еден момент над секторот каде што беа сместени навивачите на Партизан беше спуштен навредлив транспарент насочен кон нивната навивачка група. Провокацијата предизвика бурна реакција кај популарните „гробари“.

Дел од навивачите се искачија на покривната конструкција на трибината и го запалија транспарентот, по што атмосферата дополнително се вжешти на дербито кое традиционално носи големи страсти и на теренот и надвор од него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот