ФОТО | Енди Мекдауел ја покажа седата коса: Нејзиниот фустан е доказ дека таа не им обрнува внимание на годините

Фото: Профимедиа

Стилот не знае за годините…

Она што на жените може да им изгледа за „забрането“ да носат нешто на себе на некоја возраст, всушност е нивна сопствена одлука зад себе да го остават она за што сметаат дека повеќе не ги карактеризира, ниту им одговара.

Фустаните со интензивни дезени, особено со цветниот принт, се најчесто избор на помладите дами, но никој не може да каже дека тие се забранети и за повозрасните дами.

Фустаните со ваков дезен се уникатен женски избор, кој не познава старосни граници. И неодамнешното појавување на 63-годината Енди Мекдауел го докажува тоа. Познатата актерка и поранешна манекенка, позираше со ќерката Раини, а таа носи миди плисиран фустан со цветен принт од пролетната колекција на Coach.

Нејзините сандали со „китен“ потпетици и кожна торба исто така му припаѓаат на истиот бренд. Нејзината седа коса беше во преден план, а коментарите кои ги доби на сметка на својот изглед, звучат прекрасно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andie Macdowell (@andiemacdowell)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот