ФОТО | Елена Ристеска наполни 40 години: „Благодарна сум за сѐ што имам и што Бог ми даде можност да го стекнам“
Македонската пејачка Елена Ристеска го прославува својот 40. роденден, а по тој повод објави фотографии од нова фотосесија и порака до своите следбеници.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„40ка! И не е така лошо чувството. Се будам и чувствувам благодарност“, напиша Ристеска на Инстаграм, заблагодарувајќи им се на сите што ѝ испратиле честитки.
Пејачката истакна дека е благодарна за сѐ што има, за луѓето кои биле покрај неа изминатите 40 години, но и за оние кои ќе бидат дел од нејзиниот живот во следните 40.
„Следните 40 ќе мора се посериозни, каква што сум јас на сликиве“, се пошегува пејачката.

Таа однапред им се заблагодари и на сите на кои, можеби, нема да успее да им одговори на пораките, објаснувајќи дека минатата година дел од честитките ѝ исчезнале поради премногу пораки.
„Во случај да не видам во инбокс, овде ви благодарам на сите кои одвоивте време да ми честитате. Навистина ми знаи!“, напиша пејачката.
Фотосесијата ѝ ја реализираше фотографот Мики Трајковски – Манца, со кого таа често соработува, додека за нејзиниот изглед се погрижи шминкерот Даниел Николовски.



