Џенифер Анистон и Џастин Теру / Фото: Profimedia

ФОТО | Џенифер Анистон реагираше на раѓањето на бебето на поранешниот сопруг Џастин Теру

Џенифер Анистон дискретно му даде поддршка на својот поранешен сопруг Џастин Теру, откако тој стана татко за првпат.

Актерот и неговата сопруга Никол Брајдон Блум објавија дека на 18 април добиле син. Среќната вест ја споделија на Инстаграм, заедно со црно-бела фотографија на која Теру го држи новороденчето во прегратка.

„Тој е тука. Вљубени сме во него“, напишаа тие во описот.

Анистон реагираше со „допаѓање“ на објавата, покажувајќи дека и покрај разводот, меѓу нив и натаму постојат добри односи.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Анистон и Теру се запознаа во 2007 година, а нивната врска започна подоцна, по повторната средба на снимањето на филмот „Желба за патување“ (Wanderlust). Се свршија во 2012 година, а се венчаа во 2015 година на приватна церемонија. Разводот го објавија во 2018 година, но останаа блиски пријатели. И по разделбата, тие редовно одржуваат контакт и јавно си упатуваат честитки за родендени.

Теру и Блум се свршија во 2024 година, а се венчаа една година подоцна. Кон крајот на 2025 година беше потврдено дека го очекуваат своето прво дете.

Во меѓувреме, Анистон е во врска со Џим Кертис, со кого започна да се гледа во 2025 година.

Во едно интервју во 2024 година, Теру изјави дека Анистон и понатаму му е „многу драга“, што дополнително ја потврдува нивната блиска и пријателска релација и по разводот.

ФОТО | Поранешниот сопруг на Џенифер Анистон стана татко, доби син со новата партнерка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот