ФОТО | Поранешниот сопруг на Џенифер Анистон стана татко, доби син со новата партнерка
Актерот Џастин Теру и неговата сопруга Никол Брајдон Блум објавија дека станале родители на момче.
Препорачано
Парот радосната вест ја сподели на Инстаграм со црно-бела фотографија, на која новороденчето спие на градите на Теру.
„Стигна“, напиша Блум покрај фотографијата, додавајќи дека се „пресреќни и вљубени“.

Теру (54), познат по серијата „Останатите“ („The Leftovers“), и Блум (32), која глуми во „Позлатено доба“ („The Gilded Age“), се венчаа во тајност во март минатата година на плажа во Тулум, а ова е нивно прво дете.
Веста за бременоста првпат се појави во декември, кога Блум се појави со труднички стомак на премиерата на серијата „Фолаут“ („Fallout“).
Нивната врска започна во 2023 година, а веќе следната година се појавија гласини за свршувачка, откако актерката беше забележана со дијамантски прстен.

Теру претходно беше во брак со Џенифер Анистон. Двајцата се венчаа во 2015 година, а се разделија во 2017. Разводот го објавија во 2018 година, истакнувајќи дека остануваат во добри односи. Актерот и денес зборува со почит за Анистон, нагласувајќи дека нивната разделба била „најнежната“, без лоши чувства.
Инаку, Блум е ќерка на новинарот Дејвид Блум, кој почина во 2003 година додека известуваше од Ирак.
Теру ретко зборува за приватниот живот, но откри дека со сопругата се запознал на забава, по што нивната врска постепено се развила далеку од очите на јавноста.


