ФОТО | Драматичната креација на Сара Џесика Паркер предизвика и восхит и запрепастеност во исто време
Кога станува збор за модата и нејзините трендови, Сара Џесика Паркер знае како да ја воодушеви јавноста. Таа често избира комбинации кои зрачат со елеганција и со холивудски гламур, но овој пат реши да излезе од тие рамки.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На традиционалната гала вечера што њујоршкиот балет ја организира секоја есен пред почетокот на сезоната таа носеше драматична креација која истовремено предизвикува восхит и запрепастеност.

Таа носеше црно-бел фустан кој произлезе од имагинацијата на Ирис ван Херпен, авангардна холандска дизајнерка.
Сепак, ѕвезда на вечерта беше еден моден детаљ – предимензионираните ангелски крилја кои го украдоа вниманието на јавноста.
Додека позираше на црвениот тепих, Сара Џесика Паркер го држеше за рака својот сопруг Метју Бродерик, а нивните фотографии го обиколија светот. Таа го комплетираше стајлингот со впечатлива темна шминка и ниска пунџа.

На познатата актерка на црвениот тепих ѝ се придружи добро познато лице од култната серија „Сексот и градот“, Михаил Баришников (77), познат танчер, кореограф и актер, кој во серијата го играше „нејзиниот Русин“ – Александар Петровски.
Carrie Bradshaw and Aleksandr Petrovsky REUNITE! SATC’s Sarah Jessica Parker, 60, fondly greets on-screen love Mikhail Baryshnikov, 77, at NYC fashion gala https://t.co/CRZ4TdYroj
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) October 9, 2025


